Дознајте повеќе за нас и нашата мисија, визија и цели. Се трудиме да ги подобриме условите за живот на луѓето преку нашите зелени активности.

about image

ЗА НАШАТА МИСИЈА

Проектот ЗЗЗ - Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина цели да ги воведе еколошките или “зелените” перспективи во професионалната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но и за изградба на инклузивно и демократско општество за сите. Проектот е координиран од Центарот за младински активизам ЦМА КРИК и се спроведува во партнерство со Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ-Скопје и Здружение на СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје, со поддршка на Швајцарската влада преку Цивика Мобилитас.

Директни и индиректни целни групи на овој проект се: стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците, давателите на социјални услуги и корисниците и младинските работници и младите.

Времетраење на проектот: 34 месеци

Вкупен буџет: 17.359.984 МКД

Планирани активности:

  • А.1: Акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 плански региони;
  • А.2. Платформа за зелено делување;
  • А.3.1: 3 Обуки за заштита на животна средина наменети за: 
  • А3.2. Локални иницијативи
  • А3.3. Локални активности со цел подигнување на свеста кај пошироката популација за заштита на животната средина
  • А4.1. Подготовка на стенд ап настап за заштита на животна средина 
  • А.4.2.: Настани за вмрежување со засегнати страни - ЗЕЛЕН КАРАВАН ЗА ЗЕЛЕНО ВМРЕЖУВАЊЕ (GREEN NETWORKING)
  • А.5: Кампања и видливост на зелената перспектива во стручната работа во системот на социјална заштита и во младинскиот активизам

Очекувани резултати:

  • Р.1 – Изготвен национален извештај со резултати, заклучоци, препораки, но и мапирани потреби на локално ниво за заштита на животната средина.
  • Р2. Подготвена функционална онлајн платформа за поддршка на заштитата на животна средина.
  • Р.3 – Воведен концепт на зелена социјална работа како дел од програмата за лиценцирање на стручните работници во системот на социјална работа.
  • Р.4 - Воведен концепт на зелена младинска работа како дел од работењето на младинските центри 
  • Р.5 - Обучени вкупно 60 стручни и младински работници од сите осум плански регион на национално ниво за спроведување локални иницијативи со цел мобилизирање на заедницата и заштита на животната средина.
  • Р.6 - Реализирани 30 иницијативи на локално ниво во сите 8 плански региони со цел заштита на животната средина.
  • Р.7 - Подобрена соработката преку партнерската акција меѓу 60 претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор од сите осум плански региони за препораки и позитивни примери во справување со климатските промени и животната средина преку инклузивен и демократски процес.
  • Р.8 - Зголемена информираност на сите чинители, вклучително и носители на одлуки за формално вклучување на еко (зелената) перспектива во социјалната заштита и младинскиот активизам како важен фактор за одржливост на животната средина и справување со климатските промени.
  • P.9 - Зголемена социјалната инклузија на лицата со попреченост и младите лица со помалку можности преку вклучување во локалните работилници на тема заштита на животната средина

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се сите луѓе (но главно млади) кои сакаат да придонесат и направат промени во полето на екологија, критичко размислување и комуникациски вештини, како и рабење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Здружението Центар за социјални иницијативи Надеж е невладина организација основана на 28.08.1997 на иницијатива на вработените во проектот „Програма за реинтеграција на Роми“ имплементирана од Caritasverband für das Bistum Essen e.V., Германија. Стекнатото искуство на полето на поддршка на ранливите групи и потребата за понатамошна ангажираност за истата, беше голем поттик за организацијата да продолжи да го применува и развива, работејќи на повеќе проекти преку кои и стана препознатлива

Здружение на СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје за мисија има промовирање и афирмирање на професијата социјален работник/социјална работничка преку континуиран развој и почитување на професионалните стандарди и практики што водат кон предводење, поттикнување и лобирање за позитивни општествени промени и правда.

0

ПРОЕКТИ

0

ЗАДАЧИ

0

ВОЛОНТЕРИ

0

ЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ

Наши донатори

Проектот “Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.