Анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ конечно достапна за јавноста
Со особено задоволство информираме дека анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ е достапна за сите заинтересирани страни. Документот претставува сеопфатна национална студија за перцепциите, информираноста и ставовите на младите во Северна Македонија во однос на климатските промени и правото на здрава животна средина.
За што станува збор?
Анализата е резултат на акциско истражување спроведено во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, со цел да се поттикне зелената социјална работа и социјалната трансформација како одговор на климатската криза.
Истражувањето опфати над 1.200 млади од сите осум плански региони преку анкети, 18 фокус-групи, 8 тркалезни маси со претставници од институции и организации, и 11 интервјуа со засегнати страни. Анализата обработува клучни теми поврзани со:
Што покажуваат резултатите?
Младите од рурални средини, ромски заедници, Полошкиот регион и младите со попреченост се најдиректно погодени од климатските и еколошките предизвици, но истовремено се најмалку вклучени во процесите на одлучување. Сепак, тие изразуваат висока волја за ангажман – под услов да им се обезбедат соодветна поддршка, алатки и простор.
Истовремено, анализата открива многу повеќе: таа нуди длабински увид во перцепциите, информираноста, еколошкото однесување и волонтерскиот ангажман на младите; ја истражува нивната свесност за поврзаноста меѓу човековите права и животната средина; и дава конкретни препораки за политики, пракси и иницијативи кои можат да ја подобрат нивната вклученост и влијание во борбата за климатска правда.
Се работи за обемен и сеопфатен документ кој претставува значаен ресурс за сите актери што работат со млади, екологија, права и социјална правда.
Кој стои зад анализата?
Издавачи:
Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ
Центар за социјални иницијативи „НАДЕЖ“
Центар за младински активизам КРИК
Авторка: Проф. д-р Сунчица Димитријоска
Експертски тим: М-р Андријана Ѓелевска и М-р Александар Митаноски
Лекторка: Виолета Танчева-Златева
Дизајн: Николина Николовска
📥 Целосната анализа можете да ја прочитате и преземете тука: [линк до документот]
Анализата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС – Данска и ФЦГ – Шведска. Ставовите на авторката не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија.
Проектот се реализира во партнерство со Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.