
♻️ Во рамки на проектот за „Зелена социјална работа“, што ја реализираат Општина Куманово и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, децата од Куманово преку цртежи, песнички и креативни активности испратија силна порака за значењето на водата и потребата од нејзина заштита 💧
Со цел од најрана возраст да се изгради еколошка свест и одговорност кон животната средина, посебен фокус е ставен на деца од ранливи категории и рурална средина во општина Куманово 🌎
Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas, а реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија– ЗСРМ