• Почетна
  • Децата знаат, децата можат” – четири чекори кон поголема еко-свест кај најмладите

Со многу посветеност, енергија и искрена верба во потенцијалот на секое дете, организацијата ЦСИ Надеж – Скопје успешно реализираше четири креативно-едукативни работилници во Скопскиот регион под мотото: „Децата знаат, децата можат“.

blog-thumb

Програмата беше наменета за деца на возраст од 6 до 14 години од семејства со низок социо-економски статус и деца Роми, со цел преку неформално образование да се поттикне нивната еколошка свест, креативност и чувство на одговорност кон заедницата.

Учење преку креативност и практика

Четирите внимателно креирани и адаптирани работилници им овозможија на децата да учат на интерактивен и практичен начин за заштита и унапредување на животната средина. Темите опфатија:

- загадување и рециклирање

- значењето на водата

- растителниот свет

- заштита на животните

- запознавање со локалниот биодиверзитет

Работилниците беа реализирани под следните наслови:

„Чиста планета – Моја одговорност“

„Капка вода за нов живот“

„Животинското царство во опасност“

„Еко-патрола“

Преку рециклирање, креативна изработка, драмска игра и мини еко-акции, децата не само што стекнаа нови знаења, туку развија и свест, емпатија и чувство на лична одговорност. Тие учеа дека секој од нас – без разлика на возраста – може да биде дел од позитивна промена.

Инклузивниот пристап прави разлика

Со активно вклучување на 10 деца и целосно реализирање на сите предвидени цели, програмата покажа дека инклузивниот пристап во неформалното образование има силно влијание врз личниот развој на децата и нивниот однос кон природата и заедницата.

Овие работилници не беа само едукативна активност – тие беа простор за поттикнување самодоверба, соработка и чувство на припадност.

Малите чекори денес – големи промени утре

Проектот „Децата знаат, децата можат“ уште еднаш потврди дека кога на децата ќе им се даде можност, поддршка и инспирација – тие навистина знаат и можат.

Малите чекори што ги правиме денес создаваат поголеми и позначајни промени утре. 🌱

Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas, а реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.