• Почетна
  • Заедничко растење: Од одржлива заедница до посветла иднина

Во време кога заедништвото и грижата за околината се поважни од кога било, иницијативата „Заедничко растење – Од одржлива заедница до посветла иднина“ успеа да создаде токму тоа — простор каде луѓето се поврзуваат, учат едни од други и заеднички создаваат подобра средина за сите.

blog-thumb

Иницијативата ги обедини учесниците и организациите околу заедничка цел: создавање одржлив и инспиративен простор за заедницата во Шуто Оризари. Но, повеќе од физички простор, се создадоа нови пријателства, соработка и чувство на припадност.

Преку двете интерактивни работилници, водени од иницијаторите Марјан и Рената, учесниците имаа можност да разговараат и научат за важноста на заштитата на животната средина, како и за силната поврзаност помеѓу природата и менталното здравје. Активностите беа исполнети со креативност и тимска работа — садевме, цртавме, лепевме и заедно создававме.

Најважната лекција што произлезе од ова искуство беше дека преку соработка, идеите најлесно стануваат реалност.

Особено значајна беше поддршката од волонтерите на Здружението за креативна одржливост КОМБО, Млади од семејна разновидност и Волонтерски центар Скопје. Нивната енергија, посветеност и заедничка работа придонесоа иницијативата да прерасне во вистински пример за колективна грижа и активизам.

Просторот кој беше создаден останува на користење на заедницата во Шуто Оризари — како место за дружење, креативност и идни иницијативи што ќе продолжат да ја јакнат локалната заедница.

Ова е уште еден доказ дека малите чекори, кога се направени заедно, можат да создадат големи промени.

Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia програмата Civica Mobilitas, а реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија– ЗСРМ.