
Што претставува зелената социјална работа и зошто таа станува сè поважна во денешниот контекст на климатски промени?
Зелената социјална работа е релативно нов концепт, особено во Северна Македонија, кој ја нагласува поврзаноста меѓу благосостојбата на луѓето и природната средина. Таа подразбира интегрирање на еколошките прашања во професионалната пракса на социјалните работници, препознавајќи дека квалитетот на животот зависи од социо-културните, економските и природните услови во кои луѓето живеат.
Резултатите од акциското истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ покажуваат висок степен на неинформираност кај младите. Над две третини од нив никогаш не слушнале за поимот зелена социјална работа, а значителен дел не ја препознаваат поврзаноста меѓу климатските промени и социо-економските последици, како што се загубата на работни места и зголемената сиромаштија.
Студијата ја прикажува и реалната човечка димензија на климатските промени преку конкретен пример – млада самохрана мајка која поради поплави е принудена повеќепати да го напушти својот дом. Овој случај ја илустрира директната врска меѓу климатските ризици и социјалната ранливост, вклучувајќи здравствени, емоционални, родови и економски последици.
Мнозинството од младите изразуваат став дека:
Студијата нагласува дека за создавање поддржувачка околина за еколошко однесување на младите е потребна комбинација од едукација, практична поддршка, добри примери од праксата и јавни политики што ги поттикнуваат и овозможуваат зелените иницијативи.
Зелената социјална работа, како концепт и практика, претставува важен чекор кон поинклузивен, поправеден и одржлив општествен развој, каде што заштитата на животната средина и социјалната правда се неразделно поврзани.
📘 Студијата на случај е достапна на четири јазици – македонски, албански, ромски и англиски.
👉 Прочитај ја целосната студија на случај тука
ℹ️ Студијата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives „Nadez“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или организациите што ја спроведуваат програмата.