• Почетна
  • Зелените површини – клуч за квалитетен живот на младите

Новиот инфографик од анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ открива големи разлики во пристапот до уредени зелени простори меѓу регионите и заедниците во Северна Македонија. Зелените површини не се само естетика – тие се основа за здравје и благосостојба.

blog-thumb

🌳 Зелените површини – клуч за квалитетен живот на младите!

Нашата анализа открива големи разлики во пристапот до уредени зелени простори меѓу регионите и заедниците во Северна Македонија.

  • Во Вардарскиот регион 81% од младите имаат пристап до уредени зелени површини.
  • Во Полошкиот регион тој број е само 38%.

Овие нееднаквости ја потврдуваат потребата за поголеми вложувања и одржување на зелените површини во сите општини, за да се овозможи еднаков пристап за сите млади – без разлика каде живеат.

📊 Зелените површини не се само простор за рекреација. Тие:

  • го намалуваат загадувањето,
  • ја регулираат температурата,
  • позитивно влијаат на физичкото и менталното здравје.

Ова ги прави клучни за создавање здраво и одржливо опкружување за новите генерации.

📥 Дознајте повеќе од целосната анализа и препораките тука

ℹ️ Анализата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Центар за Социјални Иницијативи - Надеж и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.