
Локалните зелени иницијативи се клучни за поквалитетна животна средина и поотпорни заедници. Оваа студија на случај ја става во фокус перспективата на вработена во локална самоуправа во општина на територија на Град Скопје, каде што се спроведуваат низа активности за заштита на животната средина – со особен акцент на озеленување на јавните простори, подигнување на еколошката свест и активно учество на заедницата, особено на младите.
Како дел од општинските напори за намалување на последиците од климатските промени, редовно се одбележуваат денови посветени на екологијата, како Ден на екологија, Ден на планетата и Ден без автомобили. Во изминатата година беше организирана и акција за садење дрвца, но интересот за учество – особено меѓу младите – остана низок. Тоа го отвора прашањето: како локалните власти да ги мотивираат младите да се вклучат и да станат носители на зелените промени?
Податоците од акциското истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ покажуваат дека значителен дел од младите не знаат дали во нивната општина се спроведуваат активности за вклучување на сите млади (вклучително и млади со помалку можности, млади со попреченост и социјално/материјално лишени). Истовремено, во многу општини се организираат работни акции за чистење јавни површини и акции за позеленување и пошумување – што значи дека основа постои, но потребни се подобри пристапи за информирање и мобилизација на младите.
Студијата на случај нуди и конкретни, практични идеи како младите можат да се вклучат и да придонесат, на пример преку:
Пораката е јасна: младите сакаат да учествуваат кога имаат информација, простор и чувство дека нивниот придонес е важен. Локалните зелени иницијативи можат да станат многу посилни кога младите ќе бидат препознаени како партнери – не само како публика.
📘 Прочитај ја целосната студија на случај тука.
ℹ️ Студијата на случај е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“, што го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторката и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат програмата.