• Почетна
  • „Зелено застапување преку социјална и младинска работа“ – успешно реализирана обука во Велес

Во периодот од 28 до 30 април 2025 година, во хотел „Гарденија“ – Велес се одржа обуката „Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа“, на која учествуваа млади, младински работници и активисти од различни плански региони. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите за интегрирање на еколошката перспектива во социјалната и младинската работа.

blog-thumb

Преку интерактивни сесии, практична работа и заедничка рефлексија, учесниците развија идеи за локални иницијативи, стратегии за справување со климатски промени и активности кои промовираат социјална правда. Обуката овозможи размена на искуства и развој на нови алатки за одржлива и инклузивна работа со млади и ранливи категории.

Обуката беше реализирана во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, во партнерство со Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Главната цел на проектот е воведување на т.н. „зелена перспектива“ во стручната социјална и младинска работа како основа за зајакнување на еколошката свест, одговорноста и градење на инклузивно и демократско општество.