• Почетна
  • Инфографиците од анализата „Од различност до праведност“ сега достапни и на ромски јазик

Инфографиците од анализата „Од различност до праведност“ сега достапни и на ромски јазик

blog-thumb

Во изминатиот период ги споделивме сите инфографици од анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на македонски и албански јазик, со цел резултатите од истражувањето да бидат подостапни и разбирливи за што поголем број граѓани.

Како дел од нашата заложба за инклузивна комуникација и еднаков пристап до информации, со задоволство информираме дека од денес сите инфографици се достапни и на ромски јазик.

Инфографиците ги прикажуваат клучните наоди од националното акциско истражување, кое ги опфати:

- перцепциите на младите за загадувањето и климатските промени,

- влијанието на животната средина врз здравјето и квалитетот на живот,

- пристапот до зелени површини, чист воздух и вода,

- нивото на информираност, учество и можности за ангажман,

- поврзаноста меѓу човековите права, социјалната правда и животната средина.

Со обезбедување на содржините на три јазици – македонски, албански и ромски, правиме уште еден чекор кон поголема видливост на гласовите на различните заедници и кон градење општество во кое информациите за животната средина се достапни за сите.

📥 Сите инфографици на ромски јазик се достапни тука, а целосната анализа можете да ја прочитате и преземете тука.

ℹ️ Анализата и инфографиците се изработени во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Ставовите изразени во публикациите се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат програмата.