• Почетна
  • Како нечистата животна средина и климатските промени влијаат врз младите во Северна Македонија

Новиот инфографик ги прикажува клучните резултати од националната анализа „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“, фокусирајќи се на влијанието на загадувањето и климатските промени врз физичкото и менталното здравје, социјалниот живот и можностите за развој на младите.

blog-thumb

🌍 Како влијаат нечистата животна средина и климатските промени врз младите во Северна Македонија?

Нашата анализа покажува загрижувачки трендови: од нарушено физичко и ментално здравје, преку ограничени социјални можности, до потешкотии во развивање на здрави животни навики и зелени вештини.

Овој прв инфографик ги обединува најважните наоди:

  • 85% од младите сметаат дека нечистата животна средина го влошува нивното физичко здравје.
  • 70% чувствуваат негативно влијание врз социјалниот живот.
  • 68% велат дека загадувањето ја отежнува изградбата на зелени вештини.

Дополнително, повеќе од една четвртина од младите наведуваат дека загадувањето е причина за иселување.

Нечистата животна средина и климатските промени кај некои млади поттикнуваат проактивност, а кај други предизвикуваат пасивност.

📥 Целосната анализа со сите податоци и препораки е достапна тука

ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Центар за Социјални Иницијативи - Надеж и Здружение на социјални работници на Македонија.

Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на автор(к)ата и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.