
На 09.10.2025 година, во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, се одржа тричасовна инспиративна онлајн сесија посветена на ко-креирање зелена трансформација во социјалната работа.
На сесијата учествуваа 18 ментори – 8 од Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и 10 од Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје.
Сесијата ја фасилитираше Марина Матеска, која преку коучинг, менторство, учење преку правење и акциско учење ги поттикна менторите да размислуваат, споделуваат и создаваат идеи за одржлива промена.
💡 Менторите работеа на:
✨ насочување на активности со иницијаторите,
✨ јакнење на вештините за активно слушање,
✨ дефинирање на личната и колективната улога во еко-социјалната трансформација.
Сесијата беше креативна, интерактивна и инспиративна, исполнета со енергија, соработка и визија за промена.
На крајот, менторите заеднички ја создадоа оваа „жива реченица“, која совршено ја одразува нивната заедничка цел:
„Трансформацијата во нашето работење и приватното делување можеме да ја направиме да биде од големо значење во нашето секојдневие и за идното поколение.“
Продолжуваме да чекориме кон поодржливо, зелено и хумано општество. 🌿
ℹ️ Проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Република Македонија – ЗСРМ.