• Почетна
  • Младите во Северна Македонија и нивното животно опкружување – нови предизвици и факти

Инфографикот открива загрижувачки факти за секојдневните еколошки предизвици со кои се соочуваат младите во земјата: загаден воздух, расфрлан отпад, уништени зелени површини, диви депонии и чести пожари. Овие наоди ја потенцираат потребата од поефикасни политики и практики за заштита на животната средина.

blog-thumb

🌍 Младите во Република Северна Македонија и нивното животно опкружување

Нашата анализа покажува дека загадувањето и климатските промени силно влијаат врз секојдневието на младите – од квалитетот на воздухот и зелените површини, до здравјето и животните навики.

Новиот инфографик го истакнува следното:

  • Секој втор млад човек смета дека загадувањето е најголемиот проблем во неговата/нејзината заедница.
  • 90% од младите живеат во места/општини каде што постои негрижа за околината – расфрлан отпад, уништување на зеленилото, вандализам на паркови.
  • 30% од младите живеат во средини со високо загадување, а во Полошкиот регион 52,3% се изложени на воздух со многу висока концентрација на ПМ-честички.
  • Во сите региони се бележи загрижувачко присуство на диви депонии – од 43,3% во Полошкиот до 93,6% во Скопскиот регион.
  • 14,4% од младите во Пелагонискиот и 44,8% во Источниот регион живеат во општини каде што често има пожари.
  • Само мал дел од младите живеат во општини со организирано селектирање на отпад.

Овие податоци укажуваат дека неопходни се посериозни еколошки политики и иницијативи за да се обезбеди поздрава и поодржлива животна средина за сите.

📊 Дознајте повеќе од новиот инфографик, а целосната анализа со сите наоди и препораки можете да ја прочитате овде

ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.