
🌿 Младите и екоактивностите – поддршка постои, но учеството останува ниско
Нашата анализа покажува дека младите во Северна Македонија генерално имаат позитивен став кон заштитата на животната средина и климатските промени. Сепак, мал дел од нив активно се вклучуваат во волонтерски активности или процеси на донесување одлуки поврзани со овие теми.
Иако повеќе од две третини од младите изразуваат подготвеност да волонтираат и ја поддржуваат еколошката ангажираност, реалното учество останува ограничено. Разликите меѓу регионите дополнително укажуваат дека младите имаат нерамномерен пристап до информации, ресурси и поддршка кога станува збор за екоиницијативи и граѓанско учество.
Инфографикот ги прикажува клучните податоци за:
- нивото на вклученост на младите во екоактивности,
- нивната подготвеност за волонтирање,
- регионалните разлики во ставовите и можностите за ангажман.
Овие сознанија повикуваат на создавање повеќе можности за младинско учество и развивање практични модели на вклучување во заштитата на природата. 🌍
📥 Погледнете го новиот инфографик и дознајте повеќе во целосната анализа овде.
ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.