• Почетна
  • Младите и загадувањето на воздухот: извори, ризици и регионални разлики

Инфографикот синтетизира клучни наоди за тоа како загадениот воздух влијае врз младите во Северна Македонија: кои се најчестите извори, кои здравствени ризици ги носи долготрајната изложеност и каде се забележуваат најголемите регионални нееднаквости.

blog-thumb

🌫️ Загадениот воздух е сериозен предизвик за младите – особено во региони со високи концентрации на штетни честички. Потребни се итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и поголема јавна свест за последиците врз здравјето.

Најчести извори на загадување на воздухот:

  • Греење на дрва и јаглен (околу 65% од домаќинствата);
  • Сообраќај (стар возен парк);
  • Индустрија (фабрики без филтри).

Здравствени ризици од долготрајна изложеност:

  • +40% зголемен ризик од срцеви заболувања;
  • +30% зголемен ризик од респираторни болести.

Регионална слика и знаења:

  • Повеќе од 56% од младите живеат во општини со висок степен на загаден воздух;
  • Само 7% од младите во Источниот регион живеат во средини со загаден воздух;
  • Најзагаден е воздухот во Полошкиот регион;
  • 40% од младите не знаат како да се заштитат од загадениот воздух.

📥 Деталите, методологијата и препораките ги најдете во целата анализа тука

ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Центар за Социјални иницијативи - Надеж и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.