
💧 Чиста вода за младите – предизвици и реалност
Нашата анализа открива дека иако повеќето домаќинства во Северна Македонија се снабдуваат со вода преку јавен водовод, сепак постојат големи разлики во квалитетот и достапноста на водата меѓу различните региони, како и меѓу урбаните и руралните средини.
🌍 Фактите зборуваат јасно:
- Загадувањето на водата постојано расте поради индустриско и земјоделско загадување и несоодветна канализациона инфраструктура.
- Над 60% од отпадните води не се преработуваат пред да бидат испуштени во природата.
- Климатските промени дополнително го влошуваат водоснабдувањето преку суши и поплави.
- Одржливото управување со водните ресурси е клучно за здравјето и благосостојбата на младите. Разликите во пристапот до чиста вода укажуваат на потребата од посилни вложувања во заштита, подобрување на инфраструктурата и еднаков пристап за сите заедници.
📥 Погледнете го новиот инфографик и прочитајте ја целосната анализа со нашите препораки** овде.**
ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.