
Нашата анализа открива дека младите во Северна Македонија сè повеќе ја препознаваат врската меѓу човековите права, доброто владеење и заштитата на животната средина.
Иако мнозинството поддржуваат зелени политики и бараат институционални решенија за климатските промени, нивното реално учество во донесување одлуки е сè уште ограничено. Многу млади не се доволно информирани за локалните иницијативи или за начините како да пријават еколошки прекршоци – што укажува на потребата од поголема транспарентност, едукација и активно младинско учество во еколошките процеси.
📊 Инфографикот ги прикажува ставовите на младите за влијанието на загадувањето врз нивните права, важноста на зелените политики и улогата на општините во развојот на локални екоиницијативи.
Младите ја разбираат борбата за здрава животна средина како борба за човекови права – за еднаквост, правичност и подобра иднина за сите.
📥 Погледнете го новиот инфографик и прочитајте ја целосната анализа овде.
ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.