
На 15 и 16 септември 2026 година се реализираше обуката за втората група негуватели, со што го заокруживме циклусот на обуки во рамки на проектот „Заеднички за зелено застапување - ЗЗЗ“.
Обуките беа организирани во две одделни групи за да им овозможиме на сите негуватели да учествуваат, а истовремено да обезбедиме континуирана и непречена поддршка за корисниците во станбените единици на КРИК.
Како зелената социјална работа може да стане дел од секојдневието?
Токму ова прашање беше во центарот на обуката! Преку теоретска и практична работа, учесниците се запознаа со пристапи за воведување зелени активности во грижата и поддршката, со акцент на:
✅ Подобрување на психосоцијалната благосостојба на корисниците.
✅ Развивање животни вештини и секојдневни навики.
✅ Поттикнување на активна вклученост и социјализација.
✅ Воведување едноставни зелени практики, како работа со растенија, грижа за заедничкиот простор и активности на отворено.
Целта е стекнатите знаења да не останат само дел од обуката, туку да се преточат во конкретни активности со корисниците на сервисот за живеење со поддршка.
Со оваа обука ја зајакнуваме улогата на негувателите како важни двигатели на социјалната инклузија и создаваме основа за воведување нови, зелени пристапи во секојдневната поддршка на лицата со попреченост.
Им благодариме на сите учесници од двете групи за посветеноста и подготвеноста за учење!
Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
#ЗЗЗ #ЗеленоЗастапување #CHinMK #CivicaMobilitas