• Почетна
  • Општините и бизнисите во еко-трансформацијата: кој дејствува, како и за кого?

Оваа студија на случај го отвора прашањето за улогата на општините и правните лица во заштитата на животната средина, како и за тоа како еколошките политики и мерки директно влијаат врз социјално загрозените граѓани и нивниот квалитет на живот.

blog-thumb

Студијата на случај ја истражува поврзаноста помеѓу локалните еколошки политики, дејствувањето на општините и бизнисите, и секојдневието на граѓаните – особено на оние кои се социјално и економски поранливи.

Преку конкретен пример од праксата, студијата покажува како општинските субвенции за промена на начинот на греење можат да придонесат и за намалување на загадувањето и за подобрување на животните услови на домаќинствата. Истовремено, таа укажува дека еколошките активности на локално ниво не се доволно чести, ниту подеднакво достапни во сите општини, што создава нееднаквост во пристапот до чиста и здрава животна средина.

Во студијата се опфатени и позитивни примери од неколку општини во земјата – како субвенционирање на велосипеди и енергетски поефикасни системи, развој на зелени површини и кампањи за подигање на јавната свест. Сепак, се нагласува дека најголем предизвик останува континуитетот, одржувањето на спроведените мерки и вклучувањето на граѓаните, особено младите и ранливите групи.

Посебен акцент е ставен и на улогата на бизнисите, кои сè почесто воведуваат одржливи решенија – од користење обновливи извори на енергија до подобро управување со отпадот. Иако ваквите практики се охрабрувачки, студијата посочува дека е потребна појасна регулатива, подобар надзор и поголема транспарентност за да се обезбеди вистинска и праведна еко-трансформација.

Оваа студија на случај отвора важни прашања за тоа како локалните политики, економските мерки и институционалната одговорност можат да придонесат кон почиста животна средина – но и кон поголема социјална праведност и еднаквост.

📘 Прочитај ја целосната студија на случај тука.

ℹ️ Студијата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Ставовите изразени во публикацијата се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или организациите што ја спроведуваат програмата.