
Здружението Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:
Повик 14/2024: Лице за развивање информативни содржини/инфографици од истражувањето „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Информации за проектот:
ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
− единиците на локлна самоуправа,
− давателите на социјални услуги,
− корисниците на социјалните услуги,
− младинските работници и младите.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за ангажманот на лице за развивање информативни содржини/инфографици од истражувањето „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
НАБАВУВАЧ
Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје со седиште на ул. „11ти Октомври“ бр. 42 А, Центар, Скопје, застапувано од Наташа Павиќевиќ - Стојменовска, претседател на здружението
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
1. Главни активности на лицето за развивање информативни содржини/инфографици

Период на ангажманот на лицето за развивање информативни содржини/инфографици од истражувањето „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“: 10.01.2025 – 31.03.2025 година.
2. Потребни квалификации на лицето за развивање информативни содржини/инфографици
Задолжително кандидатот/кандидатката за позицијата треба да има:
- Најмалку 3 години професионално искуство во истражувачка методологија: добро разбирање и искуство во примена на истражувачки методи (квалитативни, квантитативни и комбинирани), статистичка анализа и интерпретација на податоци, особено во области како социјална работа, социјална заштита, младинска работа и/или животна средина.
- Професионално искуство во статистичка обработка на податоци и способност за работа со софтвери за анализа на податоци (задолжително Excel и SPSS); познавање на STATISTICA, Bio Stat, Lisrel 8.80, Pyton и сл за изработка на визуелни прикази на резултати ќе се смета за предност.
- Солидно познавање на специјализираната терминологија од областа.
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.
Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:
40 бодови
2) Професионално искуство во статистичка обработка на податоци способност за работа со софтвери (задолжително Excel и SPSS) за прикази на резултатите од истражувањето.
40 бодови
3) Референтна листа
10 бодови
4) Индивидуален online состанок
10 бодови
ВКУПНО 100 бодови
РОКОВИ
Рок за доставување на понудите 13.01.2025 година
Рок за избор на најповолен понудувач и известување 14.01.2025 година
Потпишување договор за соработка 22.01.2025 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата 22.01.2025 – 31.03.2025 година
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
- професионална биографија (СV) на кандидатот/кандидатката што се пријавува за развивање информативни содржини/инфографици од истражувањето „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“;
- референтна листа за поткрепа на потребното искуство на кандидатот/кандидатката.
Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com. Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик Повик 14/2024: Лице за развивање информативни содржини/инфографици од истражувањето „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“. Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
НАПОМЕНА: Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.
Проектот е финансиранод Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организации