Повик бр. 21/2024: Лектор на македонски јазик
Информации за проектот
Име: ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина
Носител: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
Партнери: Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
Донатор: Влада на Швајцарија преку Цивика мобилитас
Времетраење на проектот: 01.12.2023 – 30.09.2026
Целта на проектот е воведување на „зелената перспектива“ во социјалната и младинската работа како клучна алатка за заштита на животната средина и градење инклузивно, демократско општество.
👉 Погледни го целосниот повик тука
Информации за ангажманот
- Предмет на набавка е лектура на македонски јазик на:
- Прирачник за обука за зелено застапување и спроведување зелени локални иницијативи
- Обем: 130–160 страници
- Надомест: 100,00 МКД бруто по страна, но не повеќе од 15.000,00 МКД за целокупната лектура
- Период на ангажман: 01.10.2025 – 31.03.2026
Потребни квалификации
- Државјанство на Република Северна Македонија
- Завршено најмалку високо образование (прв циклус на студии)
- Стручен назив: дипломиран филолог по македонски јазик и книжевност, или дипломиран филолог/книжевност – преведувачка насока
- Минимум 5 години активно и непрекинато работно искуство како лектор по македонски јазик на стручна (некнижевна) литература
- Искуство во лекторирање на: анализи, студии на случај и лесно читливи содржини
- Солидно познавање на специјализирана терминологија од областа на: социјална заштита, младинска работа, малцински заедници, ранливи групи, заштита на животната средина, право на ЕУ и меѓународно право
- Активно работно искуство како лектор во граѓанскиот сектор во последните 5 години
- Одлични писмени вештини
Критериуми за избор
- Работно искуство како лектор (70 бода)
- Референтна листа (30 бода)
- Критериум: најдобро понудена услуга за цената (best value for money)
Рокови
- Рок за доставување на понуди: 03.09.2025
- Избор и известување на најповолен понудувач: 04.09.2025
- Потпишување на договор: 12.09.2025
- Спроведување на активностите: 15.09.2025 – 31.03.2026
Начин на доставување понуди
Понудата треба да содржи:
- Професионална биографија (CV)
- Референтна листа со соодветно искуство
Понудите се доставуваат по електронски пат на: zzzgreenadvocacy@gmail.com, со наслов:
„Понуда за број на повик 21/2024 – Лектор на македонски јазик“.
Понуди кои ќе пристигнат по наведениот рок или кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот нема да се разгледуваат.
📌 Напомена: Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.
🌱 Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ – Скопје и на ниту еден начин не ги одразува ставовите на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.