• Почетна
  • Повик за ментори за спроведување на локални иницијативи

Во рамки на проектот ЗЗЗ, објавен е повик за ангажман на ментори кои ќе поддржат спроведување на 10 локални зелени иницијативи

blog-thumb

Центар за младински активизам КРИК, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:

Повик 24/2025: Ментори за спроведување на локални иницијативи

- ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Информации за проектот:

ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје

ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија - ЗСРМ

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,

− локалните општини

− давателите на социјални услуги и корисниците и

− младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Информации за активноста Менторирање на локални иницијалтиви – ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Една од проектните активности е спроведување локални иницијалтиви – ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА на ниво на 8 (осум) плански региони. Учесниците ќе спроведуваат локална иницијатива во пар, каде ќе предложат активност за заштита на животна средина според приоритетната област во еден од планските региони во РСМ. Секој тим ќе соработува со ментор за насочување и успешно спроведување на локалната иницијатива. Еден ментор може да менторира максимум 5 иницијативи.

Целта е спроведување на локални иницијативи во сите плански региони во државата. Тимовите ќе работат под менторство и ќе имаат поддршка во спроведувањето на активностите.

НАБАВУВАЧ

Центар за младински активизам КРИК, Скопје со седиште на ул. „Св. Наум Охридски“ бб., Скопје.

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

  1. Главни активности на менторот на локалните иницијативи

Предмет на набавката е ангажман на ментор за локални иницијативи. За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, менторот треба:

- Да ја следи менторската програма за потребите на успешно реализирана локална иницијатива;

- Да менторира локални иницијатори во планирањето и спроведувањето на локалната иницијатива во еден плански регион.

Избраниот ментор ќе соработува со тимот на иницијатори и проектниот тим.

Секој член од тимот (ментор и иницијатор) ќе има определен буџет за ангажманот и набавка на материјали, кој ќе може да се користи за активноста.

НАПОМЕНА: Не се предвидени дополнителни средства за евентуалните патни и друг вид трошоци за спроведување на теренски активности, доколку се потребни.

**Период на ангажманот на менторот:** средина на септември, 2025 – крајот на 2025 година.

  1. Потребни квалификации на менторот:

• Искуство во менторирање на активности, особено локални иницијативи

• Искуство во работа со млади и ранливи категории на лица

• Како дополнителна предност ќе се смета искуство на кандидати/кандидатки кои учествувале во други активности во рамки на проектот и на тој начин се запознаени со проектната логика;

• Како дополнителна предност ќе се смета и претходен ангажман како обучувач/фасилитатор на обуката за иницијаторите во рамки на проектот.

КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка

Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.

Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

• Искуство во менторирање на активности, со посебен фокус на локални иницијативи – 40 бода

• Искуство во работа со млади и ранливи категории на лица – 30 бода

• Претходно учество во активности во рамки на проектот и познавање на проектната логика – 15 бода

• Претходен ангажман како обучувач/фасилитатор на обуката за иницијаторите во рамки на проектот – 15 бода

РОКОВИ

Рок за доставување на понудите 08.09.2025 година

Изборот за најповолен понудувач и известување ќе биде спроведено веднаш по завршување на рокот за доставување на понуди.

Потпишувањето на договор за соработка ќе следи по финалната селекција на кандидатите.

Период на ангажман на менторот: Средина на септември 2025 година – крајот на 2025 година.

Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудата треба да содржи:

• CV (биографија) на кандидатот/кандидатката што се пријавува за ментор на локална иницијатива;

Понудите се доставуваатна проектната електронска адреса zzzgreenadvocacy@gmail.com или на адреса на ЦМА Крик, ул. „Иван Козаров“ бр.20, Кисела Вода, Скопје. Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик 24/2025 – Ментор за локални иницијативи – ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА**.** Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Центар за младински активизам КРИК и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.