• Почетна
  • Повик 16/2025 хотелски услуги за реализирање на обуки

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува повик

blog-thumb

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:

Повик 16/2025: Хотелски услуги за реализирање на обуки

Информации за проектот:

ИМЕ: ЗЗЗ - ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје

ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,

− локалните општини

− давателите на социјални услуги

− корисниците социјалните услуги и

− младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

НАБАВУВАЧ

Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје, Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје

1. Предмет на набавка

  1. Предмет на набавката се хотелски услуги – сместување во еднокреветни соби на 25 до 30 лица, 3 дена, со вклучени 3 оброци и 2 кафе паузи дневно и 1 работна просторија во периодот 28.04 – 30.04.2025 или 12.05 – 14.05.2025 и
  2. Предмет на набавката се хотелски услуги – сместување еднокреветни соби на 45 до 50 лица, 3 дена, со вклучени 3 оброци и 2 кафе паузи дневно и 2 работни простории во периодот 28.04 – 30.04.2025 или 12.05 – 14.05.2025

2. Технички спецификации:

• Ноќевања во еднокреветни соби

• Мени за појадок, ручек и вечера (мени со месо и вегетаријански опции)

• 2 кафе паузи дневно (еспресо, макијато, нескафе, филтер кафе, вода)

• 1 работна просторија за 25 - 30 лица (достапна во текот на 3 дена во периодот 08:00 – 18:00) (за точка 1 од Предмет на набавка)

• 2 работни простории за 45 - 50 лица (достапна во текот на 3 дена во периодот 08:00 – 18:00) (за точка 2 од Предмет на набавка)

• Стабилен интернет во секое време

• Техничка опрема: проектор и платно за проектирање

• Цените на понудените услуги остануваат непроменети за целото времетраење на договорот за соработка

• Цените на понудените услуги треба да бидат крајни цени, односно да ги вклучуваат сите зависни трошоци и давачки

*Точниот број на учесници и потребни услуги дополнително ќе биде утврден 2 недели пред одржување на настанот.

Економскиот оператор го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда (изјавата е дадена во прилог на оваа тендерска документација – прилог 2).

3. Понудите треба да се доставуваат по електронски пат на e mail: zzzgreenadvocacy@gmail.com најдоцна до 17.02.2025 година. Понудите се доставуваат скенирани со потпис и печат од овластено лице. Понудите што нема да ги содржат потребните елементи или што не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Рок на важност на понудата: најмалку 120 дена од денот на отворање на понудите.

4. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

• Финансиска понуда дадена како Прилог 1.

• Изјава исполнување на условите за лична состојба на економскиот оператор според образецот кој е даден како Прилог 2.

Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Вкупната оцена за исполнителноста на понудата изнесува 100 бодови и ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

Цена 50 бода

Квалитет 20 бода

Рок на испорака 20 бода

Рок и начин на плаќање 10 бода

Плаќањето ќе се изврши по реализација на услугата односно по доставување на фактура и спецификација на извршени услуги. Висината на фактурата ќе зависи од реалната испорака на услуги/производи, пресметувајќи ја реалната количина на испорачани услуги/производи според понудените единечни цени.

По завршувањето на евалуацијата на доставените понуди, избраниот учесник на повикот ќе биде известен. Известувањето ќе биде испратено на е-поштата наведена во понудата.