• Почетна
  • Почетен состанок за зелени социјални активности: ментори и имплементатори во акција за одржлива иднина

Во просториите на Млади Хаб – Скопје се одржа првиот состанок на менторите и имплементаторите на зелени иницијативи. Овој настан го означува почетокот на процесот за практична примена на концептот на зелена социјална работа во Северна Македонија.

blog-thumb

🌱 На 25 септември 2025 година, во просториите на Млади Хаб – Скопје, се одржа почетниот состанок за зелени социјални активности.

👥 На настанот се вмрежија ментори и имплементатори на зелени иницијативи – учесници кои претходно ја завршија обуката „Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа“, реализирана во Струмица и Скопје.

♻️ Нивната задача во следниот период е:

- активно да останат вклучени како ментори и имплементатори;

- да обезбедат практична примена на стекнатите знаења и вештини;

- да придонесат кон успешно пилотирање на концептот на зелена социјална работа.

Овој пристап претставува нов чекор кон интегрирање на еколошките принципи во системот на социјална заштита, со цел поттикнување на одржлив развој, социјална правда и заедничка грижа за природата. 🌍💚

ℹ️ Проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и се реализира во партнерство со Center for Youth Activism KRIK, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

ззз