
Како изгледа моментот кога граѓанин ќе одлучи да не остане нем пред еколошка неправда?
Првата студија на случај од анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ го поставува прашањето: каде завршува личната одговорност, а каде започнува институционалната?
Студијата ја обработува темата на пријавување на загадување и ги прикажува реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните, како што се:
- недоволна информираност за постојните механизми за пријавување,
- чувство на обесхрабреност и недоверба во институциите,
- јаз меѓу законските можности и нивната практична примена.
Преку оваа студија на случај се отвора поширока дискусија за граѓанското учество, транспарентноста и улогата на институциите во заштитата на животната средина. Наместо готови одговори, студијата поставува прашања кои се клучни за градење поодговорно и поинклузивно општество.
📘 Студијата на случај е достапна на четири јазици – македонски, албански, ромски и англиски.
👉 Прочитај ја целосната студија на случај тука
ℹ️ Студијата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во публикацијата се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат програмата.