• Почетна
  • Трета средба на Менторските форуми за еко-социјална трансформација: градење заедница за одржлива иднина

Во рамки на Менторските форуми за еко-социјална трансформација се одржа третата средба, посветена на зајакнување на мрежата на ментори, заедничко учење и креирање насоки за зелена и одржлива социјална практика.

blog-thumb

На 4 декември 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ, се одржа третата средба на Менторските форуми за еко-социјална трансформација. На средбата учествуваа посветени ментори обединети околу заедничката визија за создавање поодржливо, зелено и праведно општество.

Средбата беше исполнета со отворени и искрени разговори, размена на искуства и заедничко мапирање на системите и практиките што сакаме да ги трансформираме. Преку интерактивен и партиципативен пристап, учесниците работеа на дефинирање на улогата и карактеристиките на менторот за еко-социјална трансформација, одговарајќи на прашањето: каков ментор ни е потребен за да поттикнеме вистинска промена?

Во текот на денот, заеднички беа планирани и следните чекори, со посебен фокус на зајакнување на мрежата на ментори и нивната меѓусебна поддршка. Атмосферата беше обележана со силна тимска енергија, чувство на припадност и заедништво, при што секоја учесничка придонесе со своето знаење, професионалност и лична перспектива.

Менторските форуми уште еднаш ја потврдија важноста на заедничкото учење и соработката како основа за еко-социјална трансформација. Посветеноста и ангажманот на менторите претставуваат клучен двигател за создавање промени кои се одржливи, инклузивни и насочени кон добросостојбата на заедниците.

Продолжуваме заеднички да инспирираме, поддржуваме и градиме заедница што води кон зелена и одржлива иднина за сите.

ℹ️ Средбата беше организирана од Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и Center for Social Initiatives “Nadez”, во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, координиран од Центар за младински активизам КРИК, и финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.