• Почетна
  • Успешно реализиран тематски форум на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување“ во Скопје

На 16 јуни 2025 година, во просториите на Europe House – Скопје, успешно се одржа тематскиот форум во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“. Форумот обедини претставници од институции, младински организации, стручни работници и активисти, со цел да се отвори дијалог за улогата на различните сектори во промовирањето на климатска правда и заштитата на животната средина.

blog-thumb

Панел-дискусија: „Млади, климатска правда и институции“

Модерирана од Ана Зафирова, панел-дискусијата вклучи релевантни говорници од различни области:

  • Душица Перишиќ – Извршен директор на ЗЕЛС
  • Андријана Ѓелевска – Експерт за акциско истражување
  • Филип Ивковски – Поранешен претседател на Националниот младински совет на Македонија
  • Александра Димитриевска Аврамовска – Раководител на одделение за комунална и еколошка инспекција

Дискусијата се фокусираше на предизвиците со кои се соочуваат младите и професионалците при застапување за климатска правда, вклучително и: ограничен пристап до алатки и младински тела, недоволна мотивација и институционална поддршка, нефункционални системи, и недостиг од инфраструктура за активно вклучување на граѓаните.

Презентација на акциско истражување

Присутните имаа можност да ги слушнат клучните наоди од акциското истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“. Истражувањето ја нагласува потребата за системска промена и зголемена инклузивност во пристапот кон еколошките политики и практики.

Благодарност и следни чекори

Им изразуваме голема благодарност на сите говорници, учесници и партнери кои придонесоа со своите искуства и идеи. Форумот претставува важен чекор кон градење заедничка визија за праведна транзиција и одржливо општество, каде гласот на младите и граѓанските организации добива вистинско место во процесот на одлучување.

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, во партнерство со Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.

Фотографија: Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш