
Иницијативата се реализираше во општина Шуто Оризари, преку едукативни и практични активности кои ги охрабрија младите активно да придонесат кон создавање почиста и поодржлива заедница.
Првата активност се одржа во средното државно училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари. Во соработка со стручниот тим од училиштето беше направено мапирање на потребите поврзани со управувањето со отпад. Како приоритет беше идентификувана потребата од подобрување на можностите за селекција на отпад и рециклирање во училиштето.
Со поддршка на компанијата „Пакомак“, во училиштето беа поставени 20 канти за селекција на отпад и рециклирање. Паралелно со поставувањето на кантите, учениците добија и едукација за значењето на рециклирањето, за видовите отпад и за начинот на правилно одвојување на материјалите. По завршувањето на едукативниот дел, учениците веднаш започнаа активно да ги користат новопоставените канти, покажувајќи интерес и подготвеност за практична примена на наученото.
Активностите продолжија и во Здружението „Заштита на правата на детето“ – Скопје, кое делува во Шуто Оризари. Во текот на месец март беа организирани тридневни еко-креативни и едукативни работилници за деца, насочени кон развивање на свеста за заштита на природата преку интерактивни и креативни активности.
Во рамки на работилниците, децата имаа можност да учат за тоа што ја загрозува планетата Земја и како секој од нас може да придонесе за нејзина заштита. Преку разговори, креативни задачи и едукативни игри тие се запознаа со основните принципи на одговорно однесување кон животната средина.
Посебен акцент беше ставен на креативното изразување како начин за испраќање пораки за заштита на природата. Децата создадоа цртежи, пораки и различни креативни изработки преку кои ја изразија својата загриженост за животната средина, но и својата желба за почиста и позелена иднина.
Како дел од практичната активност, во дворот на здружението децата засадија шарени цвеќиња, создавајќи мало еко-катче кое ќе остане како симбол и потсетник за важноста на грижата за природата.
Преку иницијативата:
- беа поставени 20 канти за селекција на отпад и рециклирање во средното училиште „Шаип Јусуф“;
- учениците добија практично знаење за правилно одвојување и рециклирање на отпад;
- десетици деца учествуваа во еко-креативни и едукативни работилници посветени на заштитата на животната средина;
- во дворот на здружението беше создадено мало еко-катче со засадени цвеќиња;
- кај младите се зголеми свеста за значењето на индивидуалната и колективната одговорност за зачувување на природата.
Реализацијата на иницијативата покажа дека младите се особено мотивирани кога еколошките теми се претставени на интерактивен и креативен начин. Комбинацијата на едукација и практични активности овозможи учесниците не само да стекнат знаење, туку и веднаш да го применат во секојдневниот живот.
Исто така, се потврди дека соработката помеѓу училиштата, граѓанските организации и приватниот сектор може значително да придонесе за создавање одржливи решенија за локалните еколошки предизвици.
Оваа иницијатива уште еднаш покажува дека кога младите добиваат простор, знаење и поддршка, тие можат да станат важни двигатели на позитивни промени и пример за одговорно однесување кон животната средина. 🌱
Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas, а реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives Nadez и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
#CivicaMobilitas #CHinMK