• Почетна
  • ♻️ „Наполни свест – исфрли пластика“: млади во акција за почиста околина

Младинската иницијатива „Наполни свест – исфрли пластика“ во Кавадарци ги вклучи младите во едукативни работилници и практични еко-акции за намалување на пластичниот отпад и поттикнување одржливи навики. Преку заедничко учење, рециклирање и користење реупотребливи алтернативи, иницијативата покажа дека информираните и активни млади се клучни носители на позитивни промени во заедницата.

blog-thumb

Во декември 2025 година, во Младинскиот центар Кавадарци, се реализираше младинската иницијатива „Наполни свест – исфрли пластика“, насочена кон подигање на свеста за штетноста на пластиката и поттикнување на одржливи навики кај младите.

Иницијативата беше спроведена од Велика Србакова и Рената Анѓелкова, преку серија едукативни работилници и практични еко-акции што ги вклучија младите од заедницата, како и деца од Мал групен дом за деца во ризик Кавадарци.

Што се реализираше?

Активностите опфатија:

  • работилница со 15 млади за штетноста на пластиката и можностите за младински еко-активизам;
  • акција за собирање пластични шишиња со учество на 13 млади, при што собраната пластика беше соодветно одложена во контејнерите на Пакомак;
  • едукативна работилница и еко-акција со 7 деца од Мал групен дом, кои преку практични активности учеа за заштита на животната средина и одржливи навики.

Како дополнителна мотивација, младите добија реупотребливи метални шишиња за вода, поттикнувајќи замена на пластиката со долготрајни и еколошки алтернативи.

Резултати и влијание

Преку иницијативата:

  • 23 млади стекнаа практично знаење за последиците од пластичниот отпад;
  • 23 учесници добија метални реупотребливи шишиња, поттикнувајќи одржливо секојдневие;
  • беа собрани и правилно рециклирани 460 пластични шишиња, со директен придонес кон намалување на комуналниот пластичен отпад.

Предизвици и научени лекции

Иницијативата се соочи со предизвици како помал одзив на дел од повиканите учесници и потреба од јасно дефинирање на начинот на рециклирање на собраната пластика. Со вклучување на деца од Мал групен дом и користење на контејнерите на Пакомак, беше обезбедено правилно рециклирање и практично учење за одржливи навики.

Процесот покажа дека интерактивните активности и конкретните практични примери значително ја зголемуваат мотивацијата на младите за еко-активизам и ја поттикнуваат еко-свеста уште од најрана возраст.

Оваа иницијатива потврдува дека кога младите добиваат знаење, простор за делување и практични алатки, тие стануваат двигатели на позитивни промени кон почиста и поодржлива заедница. 🌱

Иницијативата е реализирана во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.