• Почетна
  • 🌱 Засади надеж – засади иднина! 💚

👩‍🏫 Ментор: Марија Мисирлиевска Мијоска 👩‍💼 Имплементатор: Симона Јовеска

blog-thumb

Понекогаш е доволно едно засадено дрво за да започне голема промена. Не само во просторот околу нас, туку и во луѓето.

Со акцијата „Засади надеж“ заедно создадовме мал зелен агол што ќе расте со годините, но истовремено посеавме и нешто многу поважно – чувство на заедништво, грижа и одговорност. Рамо до рамо, граѓани, ученици, лица со попреченост и волонтери покажаа дека кога сме обединети околу добра идеја, секое дело остава трајна вредност.

💚 Ова е суштината на зелената социјална работа – преку грижа за природата да градиме посилни, поинклузивни и похумани заедници. Затоа што секое растение што го засадуваме е симбол на надеж, а секоја заедничка акција е чекор кон подобро утре за сите.

Благодарност до сите кои беа дел од оваа прекрасна иницијатива и покажаа дека промените започнуваат токму од нас. 🌿


🌍 Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружението на социјални работници на Македонија.