• Почетна
  • 🌱 Зелената социјална работа во пракса - активности со пациентите во Дневната болница

Преку активностите се создаваше простор пациентите активно да учествуваат, да работат заедно и преку практична работа да развиваат чувство на одговорност, припадност и постигнување.

blog-thumb

Во текот на септември, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, реализиравме серија од 5 практични работилници со пациентите во Дневната болница.

Работилниците беа осмислени како кратки и структурирани активности преку кои природата, креативната работа и грижата за непосредната средина се користат како алатки за поттикнување на учеството, социјализацијата и благосостојбата на пациентите. Токму ваквиот пристап е дел од концептот на зелена социјална работа, кој ги поврзува животната средина, менталното здравје и секојдневното функционирање на луѓето.

Преку активностите се создаваше простор пациентите активно да учествуваат, да работат заедно и преку практична работа да развиваат чувство на одговорност, припадност и постигнување.

Овие пет работилници се уште еден пример дека грижата за животната средина може истовремено да биде и алатка за психосоцијална поддршка и за создавање поквалитетна средина за секојдневно функционирање.

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Заеднички за зелено застапување - ЗЗЗ“, кој го спроведуваат ЦМА КРИК, Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.