• Почетна
  • 🌲 Од знаење до практична примена - зелена социјална работа во Психијатриската болница

Стручниот кадар учествуваше во обука за примена на принципите на зелената социјална работа во секојдневната работа со лица со ментално здравствени предизвици.

blog-thumb

Втората активност во рамки на септемвриската соработка со ЈЗУ Психијатриска болница Скопје беше насочена кон стручниот кадар и пациентите во болницата, со посебен фокус на тоа наученото веднаш да се примени во пракса.

Стручниот кадар учествуваше во обука за примена на принципите на зелената социјална работа во секојдневната работа со лица со ментално здравствени предизвици. Обуката беше насочена кон разбирање на поврзаноста меѓу животната средина, менталното здравје и благосостојбата, како и кон развивање практични активности кои можат да се приспособат на различните потреби на пациентите.

По теоретскиот дел следеше и директна практична примена на знаењето заедно со пациентите. Во дворот на болницата беа засадени зимзелени дрвја и беше уреден дел од просторот наменет за рекреација. На тој начин, една конкретна зелена активност стана можност за заедничка работа, активирање, соработка и подобрување на непосредната средина.

Дополнително беше реализирана и обука на тема хортикултурна терапија со пациенти, со акцент на тоа како работата со растенија, садењето и грижата за зеленилото можат да се користат како структурирани активности во работата со корисниците. Во методологијата на обуката ваквите активности се поврзуваат со развивање рутина, одговорност, внимание, комуникација, социјална интеракција и чувство на постигнување.

Со оваа активност се работеше на создавање практичен модел кој стручниот кадар може понатаму да го применува во секојдневната работа со пациентите.

Иницијативата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez”/Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија ЗСРМ.

#ЗЗЗ #КРИК #ЗеленаСоцијалнаРабота #ХортикултурнаТерапија #МенталноЗдравје #ЦивикаМобилитас #ЗеленаТрансформација