
Во рамки на проектот „Заеднички за зелено застапување – ЗЗЗ“, продолживме со втората фаза од активностите наменети за унапредување на поддршката во станбените единици на ЦМА КРИК.
По спроведената обука за негувателите, стекнатите знаења и практични методи беа применети директно во работата со корисниците.
Заедно се реализираа активности насочени кон:
🌿 подобрување на психосоцијалната благосостојба;
🏡 развивање на животни вештини и секојдневни навики;
🤝 поттикнување на активна вклученост, комуникација и социјализација;
♻️ воведување едноставни зелени практики во секојдневието;
🌱 грижа за растенијата, просторот и непосредната околина.
Целта е новите методи да не останат само дел од обуката, туку да станат дел од секојдневната работа во станбените единици и да придонесат кон поквалитетна, поактивна и поинклузивна поддршка на корисниците.
Преку ваквите активности, негувателите имаат можност практично да ги применат стекнатите знаења, а корисниците активно да учествуваат во активности кои ја поттикнуваат нивната самостојност, благосостојба и вклученост во заедницата.
Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedoniambassy of Switzerland in North Macedonia/Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez”/Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија ЗСРМ.