• Почетна
  • ♻️ „Од отпад до одржливост“ – Младите од Штип и Виница во акција за почиста иднина

Иницијативата беше спроведена од Бојан Андонов и Ангела Стоиловски, со поддршка од ментор, и се реализираше во соработка со Црвен крст Виница, Едукативен центар „Наша приказна“ – Виница и Хамачи ДООЕЛ – Штип.

blog-thumb

Во ноември и декември 2025 година, во Штип и Виница се реализираше младинската иницијатива „Од отпад до одржливост“, насочена кон подигање на еколошката свест и поттикнување одржливи практики кај децата и младите.

Што се реализираше?

Активностите опфатија едукативни и практични работилници во двете општини:

  • практична и креативна еко-работилница во Виница со 10 учесници (на возраст од 10 до 19 години), каде младите идентификуваа повеќе од 10 локални еколошки проблеми и предложија конкретни решенија;
  • работилница за рециклирање хартија во Штип со 18 учесници (14–28 години), каде младите практично учеа како отпадната хартија повторно да ја претворат во употреблив ресурс;
  • формирање неформална група ученици во Виница која еднаш неделно врши селекција и рециклирање на отпад.

Во рамки на активностите во Штип беа рециклирани приближно 10 килограми отпадна хартија и изработени повеќе од 50 листови рачно рециклирана хартија, покажувајќи дека отпадот може да добие нова вредност.

Резултати и влијание

Преку иницијативата:

  • 28 деца и млади директно учествуваа во едукативни и практични активности;
  • беа идентификувани над 10 локални еколошки предизвици со предложени решенија;
  • беа рециклирани околу 10 кг хартија и создадени 50+ нови рециклирани листови;
  • најмалку 15 млади изразија интерес за понатамошни самостојни еко-активности.

Дополнително, од страна на Црвен крст Виница беше повторно доставен предлог до Општина Виница за формирање пешачка патека со дрвореди на релација Виница – с. Градец (6 км), како и иницијативи за справување со диви депонии и запуштени површини.

Предизвици и научени лекции

Иницијативата се соочи со предизвици како краток период за промоција на активностите во Виница и дополнителни логистички подготовки за работилницата во Штип (обезбедување простор, опрема и материјали).

Сепак, процесот покажа дека:

навремената комуникација и деталното планирање се клучни за успешна реализација;

практичните и интерактивни активности имаат најсилно влијание врз младите;

кога младите директно учествуваат во процесот, мотивацијата и чувството на одговорност значително се зголемуваат.

Оваа иницијатива потврдува дека кога младите добиваат знаење, простор за делување и практична можност да создадат промена, тие стануваат двигатели на одржлива и почиста заедница. 🌱

Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas, а реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија– ЗСРМ.

#CivicaMobilitas #CHinMK