
Во ноември и декември 2025 година, во просториите на Центар за младински активизам КРИК во Кисела Вода, Скопје, се реализираше младинската иницијатива „Сади љубов, расти природа“, насочена кон подигање на свеста за значењето на зелените површини и поттикнување на грижа за природата во локалната заедница.
Иницијативата беше спроведена од Василка Настеска и Алмира Ф. Муарем, преку серија интерактивни работилници што ги обединија корисниците на КРИК и ученици од СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје.
Активностите се одвиваа на 05.11, 12.11, 19.11, 26.11 и 03.12.2025 година и опфатија:
- воведна едукативна работилница за значењето на растенијата, нивната улога во прочистување на воздухот и начинот на садење и одржување;
- две креативни работилници за декорирање и цртање на саксии, каде учесниците ја изразуваа својата креативност и разговараа за природата и цвеќињата;
- практична активност за садење цвеќиња во декорираните саксии;
- симболично подарување на дел од засадените цвеќиња во општината на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со цел поттикнување иницијатива за повеќе и подобро одржувани зелени површини во општина Кисела Вода.
Преку иницијативата:
- 18 учесници на возраст од 16 до 40 години стекнаа знаење за видовите цвеќиња и нивното позитивно влијание врз животната средина;
- беше поттикната креативноста и меѓусебната соработка помеѓу младите и корисниците на КРИК;
- беше испратена јасна порака до локалната самоуправа за потребата од повеќе зелени и редовно одржувани јавни површини;
- беше добиено ветување од општината за поголема грижа за парковите и тревниците, редовно косење и собирање на отпадот.
- Иницијативата успешно ги исполни поставените цели – ја зголеми свеста кај учесниците и ја отвори темата за одговорноста на институциите кон јавните зелени површини.
Процесот помина без значителни потешкотии. Сите учесници со задоволство се приклучија и покажаа високо ниво на соработка и мотивација.
Искуството покажа дека кога младите и заедницата добиваат простор за креативно изразување и практично учење, се создава силна поврзаност со природата и чувство на заедничка одговорност. Малите чекори – како засадување едно цвеќе – можат да прераснат во голема порака за промена. 🌿
Оваа иницијатива е доказ дека љубовта кон природата се сади со знаење, се негува со заедништво и расте преку конкретни дела.
Иницијативата е реализирана во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.