• Почетна
  • Втора средба на менторите и имплементаторите: нови идеи, заедничка енергија и зелена визија

Втората средба на менторите и имплементаторите во рамки на проектот „ЗЗЗ“ се одржа на 5 ноември 2025 година и ги обедини учесниците од сите осум плански региони. Настанот беше посветен на зајакнување на зелената социјална трансформација преку размена на искуства, инспирација и тимска работа.

blog-thumb

🌱 Средбата беше посветена на фазата „Истражување и мапирање на системот“, со цел да се поттикне соработка и размена меѓу професионалци кои активно работат на развој на зелени практики и решенија.

🌍 Учесниците од Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје имаа можност да дискутираат, да споделат предизвици и да креираат идеи за одржливи промени во локалните заедници.

Сесијата ја фасилитираше Марина Матеска, која со својот инспиративен и интерактивен пристап ги мотивираше учесниците да размислуваат пошироко и креативно.

🍃 Секој учесник сподели предмет од природата – симбол на личната поврзаност со животната средина и потсетник дека вистинската промена започнува од мали, лични чекори.

💬 Средбата вклучи поврзувачки активности, вежби за саморефлексија и отворен разговор за дефинирање на следните чекори во процесот на менторство и имплементација.

💚 Иако се одвиваше на далечина, средбата беше исполнета со блискост, ентузијазам и визија за заедничка иднина – поодржлива, похумана и позелена.

ℹ️ Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје.