
На почетокот на 2026 година се одржа официјална средба со градоначалничката на Општина Неготино, г-ѓа Марија Нацева, заедно со менторките за еко-социјална трансформација – Павлинка Волканоска, социјален работник од ЈУ МЦСР Неготино, и Анета Томева, социјален работник од ЈУ ЦСР Пробиштип и директор на институцијата.
Средбата следува по успешно завршената обука „Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа“, по која менторките беа избрани да осмислат и спроведат две локални иницијативи во Вардарскиот регион, насочени кон одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
Претставничките на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ и Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ ги презентираа планираните проектни активности, со фокус на зелени решенија кои придонесуваат кон поздрава животна средина и поодговорни локални политики.
Средбата заврши со заедничка согласност за продлабочување на соработката, што беше формализирано преку потпишување Меморандум за соработка помеѓу Општина Неготино и двете организации – важен чекор кон координирано и долгорочно дејствување.
Активноста е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран во партнерство со ЦМА КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.