
💭 Колку од твоите секојдневни навики се навистина еко-пријателски?
Нашата анализа открива дека сè повеќе млади во Северна Македонија преземаат конкретни чекори за да го намалат својот еколошки отпечаток – селектираат отпад, штедат вода и енергија, користат јавен превоз или велосипед и стануваат посвесни потрошувачи. 🌿
Сепак, практиката на одржлива потрошувачка сè уште е во развој. Купувањето локални, еколошки или рециклирани производи често зависи од достапноста и цената. Ова покажува дека младите имаат висока свесност и волја, но им е потребна поголема поддршка од институциите, компаниите и заедниците.
📊 Инфографикот прикажува како младите создаваат позитивна разлика преку мали секојдневни избори – избори што, кога се здружени, водат кон големи општествени промени и одржлива иднина.
📥 Погледнете го новиот инфографик и дознајте повеќе во целосната анализа со сите наоди и препораки тука.
ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.