
Нашата анализа упатува јасна порака: младите во Северна Македонија бараат активна улога во градењето на одржлива иднина. Тие не сакаат да останат на маргините – сакаат да бидат дел од решенијата, да учествуваат во процесите и да ја насочуваат зелената трансформација. 🌍🌱
📊 Новиот инфографик ги претставува клучните препораки што произлегуваат од истражувањето „Од различност до праведност“ – како патоказ кон поодговорни, транспарентни и инклузивни зелени политики.
Младите бараат:
- повеќе можности за учество во донесување одлуки;
- еколошко образование што инспирира делување, а не само знаење;
- поддршка од институциите и локалните самоуправи за спроведување на иницијативи.
Нивните препораки се јасен повик за заедничко делување – затоа што иднината се создава кога сите сме вклучени.
📥 Погледнете го новиот инфографик и прочитајте ја целосната анализа овде.
ℹ️ Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ.
Ставовите изразени во оваа публикација се единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Civica Mobilitas или на организациите што ја спроведуваат.